Хроника Автомобил излетал од патот кај Катланово

Автомобил излетал од патот кај Катланово

Четири лица биле полесно повредени во сообраќајна незгода што денеска претпладне се случила пред тунелот Катланово, на автопатот Велес – Скопје, пренесува телевизијата „Канал 5“.

Несреќата се случила околу 10 часот, кога автомобилот, марка „ауди“ со штипски регистарски ознаки, со кој патувале, удрил во заштитната ограда покрај коловозот и завршил во дрвја покрај патот.

Лекарите кај патниците констатирале контузии и набиеници по телата.

Полициски екипи извршиле увид на местото.