Свет Автобус се преврте на северот на Иран, 15 луѓе загинаа

Автобус се преврте на северот на Иран, 15 луѓе загинаа

Петнаесет луѓе загинаа, а десетина се повредени при превртување на автобус утрово на северот на Иран.

Стотици домашни туристи секој викенд во текот на летото патуваат на северот на земјата заради одмор и рекреација.

Иран е меѓу земјите со највисока стапка на сообраќајни несреќи во кои годишно гинат 17.000 луѓе. Најчести причини за несреќите се непочитување на сообраќајните прописи, стари возила и недоволно развиени итни служби.