Свет Балкан Автобус излетал од патот кај Алексинац – четворица повредени

Автобус излетал од патот кај Алексинац – четворица повредени

Четири лица се потешко повредени откако автобус кој се сообраќал на линија Скопје-Белград слетал од автопатот, јави дописникот на „Мета“ од Белград, додавајќи дека ниту еден од повредените не е во животна опасност.

Засега нема информации дали меѓу повредените има и македонски државјани.

Како што јавуваат српските медиуми, меѓу повредените е и возачот на автобусот. Повредените веднаш се хоспитализирани во Ниш.

Полицијата се уште ја истражува причината за несреќата.

Сообраќајката се случила утринава во 5.50 часот. Автобусот излетал од патот и удрил во ограда.