Свет Европа Австриските засилени контроли на границите создадоа 20-километарска колона

Австриските засилени контроли на границите создадоа 20-километарска колона

Австрија ги засили контролите на источните граници, соопшти денеска министерката за внатрешни работи, Џоана Микл-Лајтнер, откако 71 мигрант се задушија минатата недела во камион на австриски автопат, кој пристигнал од Унгарија.

– Отсега ќе спроведуваме контрола на сите гранични премини на истокот, прегледувајќи ги сите возила што имаат место за шверцување луѓе – вели Џоана Микл-Лајтнер за радио ОРФ.

Австрија на исток се граничи со Унгарија, Словачка, Словенија и со Чешка. На унгарскиот автопат, кој води кон Австрија, во понеделникот почнаа да се создаваат километарски колони, откако Австрија воведе построги контроли.

На автопатот М1 колоната достигнала 20 километри, а колони почнале да се создаваат и на други сообраќајници кон Австрија.

Во текот на викендот, унгарската полиција фатила 8.792 мигранти кои илегално влегле во Унгарија преку Србија.