Свет Балкан Австриски полицајци на српско-македонската граница

Австриски полицајци на српско-македонската граница

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ денеска во Виена соопшти дека со премиерот Александар Вучиќ и канцеларот на Австрија Кристијан Керн договориле дел од австриските војници да бидат распоредени на српско-македонската граница.

– Сакаме да ги спречиме илегалните преминувања и да испратиме јасен сигнал дека такви работи нема да дозволиме. Затоа и подлабоко на наша територија ќе продолжиме да се бориме против криумчарите. Побаравме помош и во вид на термовизуелни камери и сензори со кои би можеле подобро да го заштитиме нашиот граничен појас – рече Стефановиќ.

Тој рече дека мигрантската криза и спречувањето на илегалните минувања била тема на разговорите и со претставниците на австриското министерство за внатрешни работи, предводени од шефот на Сојузната криминалистичка служба, Франц Ланг.