Свет Европа Австриската полиција приведе 17 мигранти

Австриската полиција приведе 17 мигранти

Австриската полиција пронашла 17 мигранти во комби кое влегло во земјата од Унгарија.

Во возилото се наоѓале 11 мажи и шест жени, седум мигранти биле од Ирак, седум од Авганистан, двајца биле од Сирија и еден од Пакистан.

Полицијата ги уапсила мигрантите и ги одвела во најблиската полициска станица. За криумчарење луѓе уапсен е и возачот на комбито, триесетгодишен државјанин на Романија.

Комбито со романски регистарски таблички е запрено утринава на автопатот А4, во близина на австралиско-унгарската граница, поради рутинска контрола, соопшти австриската полиција.