Свет Австријците стравуваат од ебола

Австријците стравуваат од ебола

Австријците стравуваат дека еболата може да стигне во Австрија преку меѓународните авиолетови и другите видови на сообраќај

Австријците стравуваат дека еболата би можела да се прошири и во нивната земја, покажува денеска објавеното истражување на институтот „Маркет“.

Според истражувањето, дури 61 процент од населението стравува дека еболата може да стигне во Австрија преку меѓународните авиолетови и другите видови сообраќај.

Доколку дојде до појава на ебола, 70 проценти од Австријците имаат доверба во домашниот здравствен систем, кога е во прашање борбата против оваа болест.