Свет Европа Австријците ќе одлучуваат дали да ја напуштат ЕУ

Австријците ќе одлучуваат дали да ја напуштат ЕУ

Австриското министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека ја одобрило иницијативата за одржување референдум за напуштање на Европска Унија.

Како што јавуваат австриските медиуми, граѓаните на референдумот, кој ќе се одржи од 24 јуни до 1 јули, ќе се изјаснат дали Австрија по 20 години членство треба да ја напушти заедницата.

Ова е втор обид за организирање референдум. Во 2011 година, иницијаторите, предводени од Инге Раушер од Иницијатива за татковината и екологија, се обидоа да покренат референдум, но поради формални грешки, обидот пропадна.