Свет Свет Австрија: Уапсени 13 осомничени џихадисти

Австрија: Уапсени 13 осомничени џихадисти

Уапсените се товарат за врбување малди лица за приклучување кон радикалните движења во Сирија

Тринаесет лица се уапсени во Австрија под сомневање дека се џихадисти и оти се обиделе да врбуваат млади лица да се приклучат кон радикалните исламистички групи во Сирија, соопштија австриските власти.

Како што јавуваат австриските медиуми, во рамките на акцијата за справување со исламистичките борци, околу 500 полицајци извршиле претрес на џамии и на молитвени простории во Виена, Грац и во Линц, при што се конфискувани пари и материјали што пропагираат тероризам.

Австриските власти водат истрага за повеќе од 150 лица од Австрија, за кои постои сомнеж дека се поврзани со радикални исламисти на Блискиот Исток.