Свет Европа Австрија: Со воз од Будимпешта во Виена пристигнале 3.650 бегалци

Австрија: Со воз од Будимпешта во Виена пристигнале 3.650 бегалци

Во Виена вчера со воз пристигнаа 3.650 бегалци од Будимпешта, соопшти денеска австриската полиција.
Тоа е рекорден број мигранти кои стигнале во Виена во еден ден.

Унгарските власти им дозволиле на бегалците да влезат во возот за Виена, иако многу од нив немале визи.
Портпаролот на австриската полиција, Патрик Мајерхофер, рече дека властите во Австрија ги евидентираат доколку има поднесувачи на барање за азил меѓу пристигнатите бегалци.

Возот со бегалци со часови бил задржан на австро-унгарската граница. Многу од нив, претежно без визи, веднаш од Виена продолжиле кон Минхен, на југот на Германија.