Свет Европа Австрија нема да отстапи од заострената гранична политика

Австрија нема да отстапи од заострената гранична политика

Австрија ќе продолжи да ја спроведува заострената гранична политика бидејќи договорот со Турција за сопирање на миграцијата кон Грција сè уште не е сигурен, соопшти австрискиот канцелар Вернер Фајман.

– Би било напредок да се организира гранична контрола заеднички со Турција, но ние не можеме да сметаме на тоа – изјави Фајман.

Шефицата на австриската дипломатија, Јохана Микл-Лајтнер, истовремено соопшти дека Австрија нема да отстапи ниту милиметар од својата позиција, како и дека Македонија, исто така, ќе остане затворена.