Свет Европа Австрија ќе подигне ограда на границата со Словенија

Австрија ќе подигне ограда на границата со Словенија

Австрија ќе подигне ограда долж својата граница со Словенија, најави денеска австриската министерка за внатрешни работи, Јоана Микл-Лајтнер.

– Станува збор за уредно, контролирано влегување во нашата земја, а не за затворање на границата – рече Микл-Лајтнер, додавајќи дека Австрија мора да преземе мерки во слуачј на влошување на ситуацијата.

Министерката наведе дека во последните денови е забележано оти одредени групи бегалци станале нетрпеливи и агресивни.