Свет Европа Австрија го затвори автопатот на границата со Унгарија

Австрија го затвори автопатот на границата со Унгарија

Австрија утринава го затвори автопатот А4 на границата со Унгарија од безбедносни причини, додека десетина мигранти пеш се движат по патот кон Виена, соопшти портпаролот на полицијата во источната област Бургенланд.

Околу 8.000 лица вчера влегоа во Австрија, а дополнителни 3.600 по полноќ, соопшти портпаролот.