Свет Европа Австрија ги заостри условите за добивање азил

Австрија ги заостри условите за добивање азил

Австрискиот парламент денеска усвои закон со кој драстично сe ограничува правото на добивање азил.

Новиот закон, за кој гласаа 98 пратеници, а 67 беа против, е еден од најстрогите во Европа и предвидува дека прво право на азил може да биде одобрено најмногу на три години, а во случај на зголемен прилив на мигранти, може да бидат блокирани границите, без можност мигрантите да поднесат барање за азил.

Австрија во 2015 година прифати 90.000 бегалци.