Свет Австралија: Камионет влетал во кафуле и повредил 19 лица

Австралија: Камионет влетал во кафуле и повредил 19 лица

Деветнаесет лица се повредени кога камионет влетал во кафуле во градот Рејвенсхоу на северот на Австралија, предизвикувајќи пожар што ја зафатил цела зграда.

Полициските претставници на австралиската држава Квинсленд соопштија дека се обидуваат да утврдат зошто возачот скршнал од патот и влетал во кафулето.

Боца со гас експлодирала во кафулето и предизвикала пожар.

Здравствениот претставник изјави дека пациентите добиле изгореници од различен степен, тројца од хоспитализираните биле со тешки повреди, а меѓу нив е и возачот на камионетот.