Свет Аврамопулос: Миграцијата се претвори во проблем на целиот свет

Аврамопулос: Миграцијата се претвори во проблем на целиот свет

Бегалската криза е светски предизвик, поради што е потребен светски одговор, оцени еврокомесарот за миграција, Диитрис Аврамопулос.

– Миграцијата се претвори во најголем проблем не само во Европа туку и во целиот свет – рече Аврамопулос, повикувајќи ги сите држави да земат учество во решавањето на бегалската криза.

Аврамопулос истакна дека на ноемвриската средба во Малта првпат на една маса ќе седнат лидерите на земјите од кои доаѓаат, низ кои транзитираат, како и оние чии земји се крајна дестинација на бегалците.