Свет Свет Авионот со протераните дипломати од САД слета во Москва

Авионот со протераните дипломати од САД слета во Москва

Авионот со 35 руски дипломати што беа протерани од САД ноќеска слета на московскиот аеродром.

Американскиот Стејт департмент претходно објави дека 35 руски дипломати, за кои претседателот Барак Обама наложи да бидат протерани, ја напуштиле Америка со своите семејства.

Авионот полета од меѓународниот аеродром во Вашингтон.

Администрацијата на претседателот во заминување на САД, Барак Обама, на 29 декември донесе одлука за нови санкции против Русија поради хакирање на американските политички организации.

Дел од санкциите беа и протерување на 35 дипломати и на нивните семејства.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема да протерува американски дипломати од Русија како одговор на „непријателските акции на американската администрација во заминување“.