Македонија Авионите на скопскиот аеродром од утринава непречено полетуваат и слетуваат

Авионите на скопскиот аеродром од утринава непречено полетуваат и слетуваат

Иако авионот на „Аустријан ерлајнс“ синоќа не слета на аеродромот „Александар Велики“ поради силниот ветер, според официјалната веб-страница на оваа компанија, во моментов сите авиони непречено полетуваат и слетуваат и нема одложување на летовите.

Од „Аустриан ерлајнс“ за „Мета“ изјавија дека станува збор за летот број  ОС775, односно авионот требало да слета во 12.05 часот по полноќ, но поради силниот ветер тој се вратил назад во Виена.

Со него требаше да се слета и пратеникот во германскиот Бундестаг, Мануел Зарацин, но посетата е откажана поради тоа што авионот не можеше да слета на скопскиот аеродром.