Видео Авион на соларен погон тргна на пат околу светот

Авион на соларен погон тргна на пат околу светот

Швајцарскиот соларен авион „солар импулс 2“, кој работи на соларна енергија, утринава од Абу Даби, тргна на пат околу светот.

Авионот, кој не користи никакви други горива освен сончевата светлина, утринава во 4.12 часот по средноевропско време полета од аеродромот „Ал Батин“ во Абу Даби кон Оман, каде треба да пристигне кон крајот на денот.
Патот од 35.000 километри ќе се одвива во 12 етапи и ќе трае пет месеци, а со соларниот авион управува швајцарскиот пилот Андреа Боршберг.

Ова е прв обид авион со соларен погон да ја обиколи земјата. Струјата за „солар импулс 2“ ја создаваат 17.200 фотоелектрични, соларни ќелии, поставени на крилата со распон од 72 метри. Ова е поголема верзија на прототипот-едносед, кој првпат полета пред пет години.