Свет Свет Авганистан: За 24 часа се убиени 33 милитанти

Авганистан: За 24 часа се убиени 33 милитанти

Авганистанската полиција, поддржана од војската, уби 33 милитанти во текот на низата операции во земјата изведени во изминатите 24 часа, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи.

– Вкупно 33 вооружени талибански милитанти се убиени во последните 24 часа, за време на операциите изведени во покраините Такхар Кундуз, Бадакшан, Сар-е-Пал Кандахар Забулм Урузган, Маидан Пардак, Газни, Пакрија Харет и Фарахм – се наведува во соопштението.

Полицијата, исто така, ранила тројца милитанти и заробила уште седуммина за време на операцијата.

Сепак, во соопштението не се наведуваат жртвите на страна на безбедносните сили. Талибанските милитанти кои се борат против владините сили сè уште се немаaт огласено по соопштението на авганистанското министерство.