Спорт Атланта го победи Денвер, Антиќ постигна седум поени

Атланта го победи Денвер, Антиќ постигна седум поени

„Јастребите“ од Атланта, со победата над Денвер од 96:84, ја забележаа шестата победа во низа, вкупно 13 во новата сезона во НБА-лигата. Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ, одигра 15 минути, постигна седум поени и забележа шест скока и една асистенција. Најефикасен во тимот на Атланта беше Пол Милсап, кој постигна 23 поени, а во тимот на Денвер, Вилсон Чендлер постигна 29 поени и забележа 10 скока.
Во останатите натпревари, Мемфис го совлада Мајами со 103:87, Њујорк загуби од Портланд со 99:103, Далас славеше над Милвоки со 125:102, Детроит на домашен терен загуби од Оклахома со 94:96, а Бостон го победи тимот на Вашингтон со 101:93.