Свет Балкан Атинската берза трет ден во пад

Атинската берза трет ден во пад

Атинската берза денеска трет ден по ред е во пад откако во понеделникот беше отворена по петнеделна пауза.

Главниот индекс на атинската берза утринава по отворањето падна за 1,38 отсто, по што изгуби 3,39 отсто од својата вредност.

Во понеделникот берзата го заврши денот со пад од 16,23 отсто, иако во еден момент имаше загуба од 23 отсто. И вчера е забележан пад, иако помал, за 1,22 отсто.

Берзата во Атина беше затворена на 29 јуни, кога во врвот на финансиската криза беше воведена контрола на капиталот за да се спречи колапс на банкарскиот систем. Банките во меѓувреме се отворени, но е задржано ограничувањето за повлекување пари.