Свет Балкан Атинската берза првпат во плус

Атинската берза првпат во плус

Атинската берза денеска првпат е во плус откако во понеделникот беше повторно отворена по петнеделна пауза.
И акциите на банките, кои во претходните три дена изгубија 63,81 отсто од вредноста, денеска пораснаа во просек за три отсто.

Берзата во Атина беше затворена на 29 јуни, кога должничката криза ја достигна кулминацијата и кога беше воведена контрола на капиталот за да се спречи колапс на банкарскиот систем.

Банките, во меѓувреме, повторно се отворени, но ограничувањето за повлекување пари сè уште е на сила.

Грчката влада почна преговори со меѓународните кредитори за третиот пакет финансиска помош за следните три години, во вредност од околу 85 милијарди евра. Преговорите мора да бидат завршени до 20 август, кога доспева големата рата од долгот кон Европската централна банка, во висина од 3,2 милијарди евра.