Подглавна секција Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на...

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Со нашето долгогодишно искуство во управување со фудбалски гиганти и соработка со десетина познати фудбалски клубови од Европа, ќе овозможиме брзо финансиско, организациско и резултатско консолидирање на овој најголем спортски бренд, наведува Бижен Жалили во објавата

Фото: Фејсбук страница на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат неговото соопштение, во кое тој самиот информира за тоа дека неговата компанија презела 85 отсто од акциите на клубот.

„Од 7 октомври, според претходно потпишан договор, преземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар – Скопје од страна на менаџментот на мојата компанија. Со нашето долгогодишно искуство во управување со фудбалски гиганти и соработка со десетина познати фудбалски клубови од Европа, ќе овозможиме брзо финансиско, организациско и резултатско консолидирање на овој најголем спортски бренд во Македонија. Во последните неколку години, покрај бизнисите што ги имаме, нашиот фокус беше да преземеме клуб од централна Европа или од Балканот“, наведува тој во објавата.