Ctrl - Z АСУЦ „Боро Петрушевски“ домаќин на меѓународен симпозиум на средни стручни училишта

АСУЦ „Боро Петрушевски“ домаќин на меѓународен симпозиум на средни стручни училишта

Средното училиште на Град Скопје АСУЦ „Боро Петрушевски“ како домаќин од Македонија и учесниците претставници од средни стручни училишта од Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, презентираат проекти изготвени од страна на учениците и наставниците од областа на сообраќајот

Фото: Град Скопје

Средното училиште на Град Скопје АСУЦ „Боро Петрушевски“ е домаќин на меѓународен симпозиум за средни стручни училишта за логистика и сообраќај, што се одржува 13-та година по ред.

Размена на искуства од областа на сообраќајот, транспортот и логистиката меѓу сообраќајните училишта и други институции, унапредувањето на сообраќајната инфраструктура, осовременување на образовниот процес во областа на сообраќајот и логистиката, степенот на безбедноста во сообраќајот за сите учесници во сообраќајот се темите на овогодинешниот симпозиум.

Средното училиште на Град Скопје АСУЦ „Боро Петрушевски“ како домаќин од Македонија и учесниците претставници од средни стручни училишта од Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, презентираат проекти изготвени од страна на учениците и наставниците од областа на сообраќајот.