Македонија Аргир: Не откриваме детали за грабежот во НЛБ во интерес на истрагата

Аргир: Не откриваме детали за грабежот во НЛБ во интерес на истрагата

Не можеме да откриеме детали за грабежот за да не попречуваме во истрагата, рече Антонио Аргир, претседател на управниот одбор на НЛБ АД Скопје, на новинарско прашање за грабежот во кој вработен на банката украл повеќе од 3 милиони евра од трезорот, а парите не се пронајдени.

Тој и на почетокот на денешниот настан, со кој банката одбележа 15 години од почетокот со работа со електронско банкарство, нагласи дека нема да зборува за настанот и само го повтори тоа што го имаше во неговата пишана изјава за медиумите вчера – дека сите средства на клиентите се апсолутно безбедни, дека настанот нема влијание на секојдневното тековно работење на банката.

НЛБ на денешниот настан ја промовираше и апликацијата „НЛБмПроклик“, за која вели дека е прва комплетна мобилна апликација за правни лица и додели признанија на 15 компании кои се најголемите корисници на електронското банкарство за правни лица.