Свет Аргентина: Полициски автобус падна во ендек – 30 загинати

Аргентина: Полициски автобус падна во ендек – 30 загинати

Околу 30 лица загинаа откако автобус кој превезува аргентински погранични полицајци се урна во ендек во северната провинција Салта, соопшти провинцискиот директор за итни случаи, Ернесто Флоренс.

– Станува збор за приближно 30 загинати – рече Флоренс, додавајќи дека во автобусот имало меѓу 50 и 60 патролни полицајци и оти некои сè уште се заглавени во возилото.

Сè уште не се знае причината за несреќата, која се случила рано утринава.