Видео Апсења во Кливленд поради обид за палење на американско знаме

Апсења во Кливленд поради обид за палење на американско знаме

Полицијата во Кливленд уапси 18 лица по кошкањето со демонстрантите, кои синоќа се обидоа да запалат американско знаме во близина на влезот на арената каде се одржуваше конвенцијата на републиканците, соопштија властите.

Инцидентот се случил синоќа, а двајца уапсени се обвинети за напад на полицаец кој се обидел да им го одземе знамето, соопшти шефот на полицијата во Кливленд, Калвин Вилијамс, додавајќи дека двајца полицајци се полесно повредени.

Според Вилијамс, при обидот да се запали знамето, се запалиле и панталоните на некои од демонстрантите.

Против 15 уапсени се поведени прекршочни постапки за поттикнување насилство.

За време на конвенцијата на републиканците, која завршува денеска, се уапсени вкупно 23 лица.