Свет Балкан Апсења на поранешни функционери во БИХ

Апсења на поранешни функционери во БИХ

Припадниците на федералната управа на полицијата и на министерството за внатрешни работи на Република Српска денеска уапсиле неколку лица во акција на подрачјето на Сараево.

Како што јавуваат босанските медиуми, уапсен е поранешниот министер за внатрешни работи на БИХ, Алија Делимустафиќ, и Јусо Шкријељ.

Портпаролот на обвинителството на кантонот Сараево, Азра Бавчиќ, потврди дека во тек е реализација на акција под кодното име „Правда“, која се изведува во соработка со УСКОК и со полицијата на РС.

– По повеќемесечни истраги на сараевското обвинителство, во тек е реализација и апсење на повеќе лица. Се вршат претреси на 60 локации на подрачјето на Федерацијата Босна и Херцеговина, Република Српска и на Хрватска – рече Бавчиќ.

Станува збор за кривични дела од организиран криминал, злоупотреба на службена положба, повреда на законот од судии, перење пари и за измами.