Видео Апсења на владина седница во Украина

Апсења на владина седница во Украина

Украинската полиција денеска за време на владината седница ги уапси шефот на службата за итни случаи, Сергеј Бочински, и неговиот заменик.

Бочински и Васили Стоетски се уапсени поради местење тендери за јавни набавки, а владата веднаш по апсењето ги отпушти сите шефови од секторот на службата за итни случаи, јавуваат украинските медиуми.

Полициската акција ја одобри украинскиот премиер Арсениј Јацењук.