Македонија Априлските пензии ќе се исплаќаат од крајот на неделава

Априлските пензии ќе се исплаќаат од крајот на неделава

На својата 44-та седница, Владата вчера донесе одлука пензиите за овој месец – април – да почне да се исплаќаат од крајот на оваа седмица, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија (ПИОМ) да ги достави потребните податоци за пензиите до деловните банки најдоцна до четврток.

Истовремено, Влада упати препорака до деловните банки во петок пензиите да бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците за тие да може од овој ден да подигнуваат готовина од банкомати или да плаќаат со картички во трговската мрежа.

Во поглед на исплатата на готовина на шалтерите на банките, владата препорача деловните банки да обезбедат доволно банкноти во своите експозитури, за од понеделник, 27 април, пензионерите што не користат дебитни картички, да може да подигаат пари на шалтер.

Притоа, направен е распоред по денови, според износот на пензиите.

-В понеделник, 27.04.2020 година. исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

-Во вторник, 28.04.2020 година, исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– В среда, 29.04.2020 година, исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– В четврток, 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.