Македонија Апелацискиот суд му даде условна казна на Дејан Ставриќ

Апелацискиот суд му даде условна казна на Дејан Ставриќ

Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по жалба за случајот со докторот Дејан Ставриќ, ја потврдил првостепената пресуда на Кривичниот суд против лекарот, но ја преиначил во делот на висината на казната.

Наместо една година ефективен затвор, Апелацискиот суд сега на Ставриќ му изрекол условна казна од една година, пренесува порталот „Академик“.

„Наместо една година казна затвор, на обвинетиот му досудена условна казна од една година, која нема да се ефектуира доколку обвинетиот во период од три години не стoри друго кривично дело“, потврдиле од Основниот суд Скопје 1.

Ова е втора одлука на Апелацискиот суд во врска со овој случај. На првото судење офталмологот беше осуден на една година затворска казна, но скопскиот апелациски суд ја укина оваа пресуда и го врати предметот на повторно судење.

Повторената постапка заврши во мај минатата година, кога Кривичниот суд му одреди казна затвор од една година на лекарот поради примање поткуп од 2.000 евра, односно за кривичното дело примање награда за противзаконско влијание.