Свет Европа Антитерористичка акција во Брисел, уапсено едно лице

Антитерористичка акција во Брисел, уапсено едно лице

Бриселската полиција денеска спроведе акција во квартот Шаербик, при што е уапсено едно лице. Акцијата е поврзана со вчерашното апсење на терористот во Париз.

Телевизијата „Ер-те-бе-еф“ јавува дека едно лице одбивало да ги изврши полициските наредби, по што е неутрализирано. Лицето кај себе имало ковчег или торба во која се наоѓал експлозив.

Началникот Бернард Клефајт рече дека акцијата е завршена, но оти и понатаму се вршат претреси и проверки. Тој соопшти дека едно лице е уапсено.

За време на акцијата се чуле и две експлозии, а на терен имало и робот за деминирање.

Акцијата почнала по 13 часот, кога полицајците упаднале во куќа во квартот Шаербик. Голем број вооружени полицајци и воени возила ја обезбедувале улицата за време на акцијата.

Се слушната и трета експлозија, но се претпоставува дека станува збор за шок-бомба.