Свет Балкан Антисемитски и антикомунистички графити на советски споменик во Пловдив

Антисемитски и антикомунистички графити на советски споменик во Пловдив

Со графити со кукасти крстови, со антисемитски пораки „Убиј го Евреинот“ и „Комунизам – Еврејство“, како и навреди за Марија Захарова, министерката за надорешни работи, во петокот осамна споменикот „Аљоша“, познат како „Советскиот споменик“ во бугарскиот град Пловдив.

Иако по неколку часа графитите се избришани, настанот крена бура во социјалните медиуми. Со различни реакции се огласија повеќе истакнати фигури во Бугарија, а реагираше и внукот на поетот Венко Марковски, Вени Марковски, кој ги критикуваше реакциите во кои не се осудува антисемитизмот.

Вени Марковски е потпретседател на ИКАН, меѓународното тело за регулирање на интернетот.