Македонија Антикорупциска бара Судскиот совет да ја разгледа пресудата против ИРЛ

Антикорупциска бара Судскиот совет да ја разгледа пресудата против ИРЛ

Антикорупционерите укажуваат на неопходноста да се почитува независното истражувачко новинарство и слободата на говорот како темели на демократијата

Фото: Мета.мк

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска го повика Судскиот совет Македонија во рамки на законските надлежности што ги има да го разгледа случајот со судската одлука донесена од судијката Јованка Спировска Панева против со ИРЛ и новинарката Сашка Цветковска.

Антикорупционерите укажуваат на неопходноста да се почитува независното истражувачко новинарство и слободата на говорот како темели на демократијата, а судството како самостојна и независна власт да функционира согласно уставните начела, во врска со судската одлука за пресудата на судот против Истражувачката репортерска лабораторија во случајот „Фероинвест против ИРЛ“.

„Независното истражувачко новинарство, како и независното судство се столбови на демократските општества и основа за функционирање на правната држава и владеење на правото. Ова дотолку повеќе што Република Северна Македонија е кандидат за членство во ЕУ“, велат од ДКСК.

Во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска пред Граѓанскиот суд се одржа протест поради пресудата против ИРЛ.

Новинарите на протест: НЕ на цензурата