Свет Балкан Анкетите во Грција укажуваат на тесна трка за изборите

Анкетите во Грција укажуваат на тесна трка за изборите

Три недели пред предвремените избори во Грција, анкетите на јавното мислење покажуваат дека ќе се води тесна трка и оти победникот нема да има мнозинство во парламентот, кој ќе биде уште повеќе расцепкан отколку во претходниот состав.

Шесте анкети, кои беа објавени во саботата и во неделата, покажуваат дека левичарската СИРИЗА води пред конзервативната Нова Демократија.

Водството се движи од еден до 3,1 отсто, а во сите шест анкети статистичката грешка се движи околу 3 отсто.

На анкетите во јули, пред противниците на новиот договор со кредиторите да си заминат од СИРИЗА, партијата на Алексис Ципрас водеше со двоцифрена разлика.

Четири од шесте анкети покажуваат дека осум партии ќе влезат во парламентот, додека според две во грчкиот законодавен дом ќе седнат претставници на девет парти, од кои седум беа дел и од последниот парламентарен состав.