Македонија Анкета на ИПДВ: Албанската опозиција ѝ дише во врат на ДУИ

Анкета на ИПДВ: Албанската опозиција ѝ дише во врат на ДУИ

Доколку заедно со претседателските избори би се одржале и парламентарни избори, ДУИ меѓу етничките Албанци би имала највисок рејтинг од 18,8 отсто, покажува анкетата на Институтот за истражување на политики и добро владеење (ИПДВ). Потоа следува Алијансата за Албанците за која би се одлучиле 14,2 проценти од анектираните. БЕСА на Африм Гаши (сега под името Алтернатива) и БЕСА на Билал Касами имаат изедначен рејтинг од пет отсто, а за СДСМ би гласале 2,8 проценти.

„Нема да гласам“ бил одговорот на 32,5 отсто од анкетираните, а за опцијата ниту една партија се одлучиле 15,3 отсто од испитаниците.

Повеќе од половина испитаници 57 отсто, сметаат дека албанските политички партии треба да излезат со заеднички кандидат на претседателските избори.

Анкетата покажува дека во вториот круг на претседателските избори, доколку се натпреваруваат кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, владејачката партија би добила 31,7 отсто, а ВМРО-ДПМНЕ 1,6 отсто.

За одговорот „ниту една“, се одлучиле 34,1 отсто од испитаниците, а „не знам“ рекле 32,6 проценти.

Анкетата била спроведена телефонски во периодот од 7-10 февруари 2019 година на репрезентативен примерок од 800 испитаници од албанската етничка заедница.