Македонија АМСМ: Забрана за тешки товарни возила на Стража, Маврово и на патот...

АМСМ: Забрана за тешки товарни возила на Стража, Маврово и на патот Тетово – Попова Шапка

На планинските превои Стража и Маврово превентивно се воведува забрана за тешки товарни возила, а забрана за тешки товарни возила и за автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува задолжително носење зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

Магла со видливост од 50 до 100 метри има кај Страцин, Тетово и на планинскиот премин Стража.

Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, како и на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.