Македонија АМСМ: Внимателно возење низ клисурите и низ засеците поради можна појава на...

АМСМ: Внимателно возење низ клисурите и низ засеците поради можна појава на одрони

Поради снимањето на францускиот филм „А фонд“, денеска (9 ноември) и утре (10 ноември) автопатот А1, на делницата меѓу мотелот „Македонија“ и Градско, ќе биде затворен во периодот од 5 до 18 часот, а сообраќајот ќе се одвива по стариот пат, известиле од „Мануфактура продукција“, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ информираат дека сообраќајот се одвива по суви коловози. Оттаму препорачуваат вниметално возење, особено на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Каприја – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

На патиштата надвор од градските средини, интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата.