Македонија АМСМ: На Богородица се чека половина час, подолги задржувања има на грчка...

АМСМ: На Богородица се чека половина час, подолги задржувања има на грчка страна

На граничниот премин Богородица има задржувања од половина час на македонската страна од границата, додека подолги задржувања има на грчкиот дел на преминот, при влез во Грција, информира попладнево Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму информираат дека на граничниот премин Дојран, на границата со Грција, задржувањата се околу 15 минути. На другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е со зголемен интензитет, информираат од АМСМ.

Утрово, дел од медиумите пренесоа дека големи колони, долги и по еден километар, чекаат на преминот Богородица за влез во Грција.