Македонија АМСМ: Дождот однесе една коловозна лента од патот кон ски-центарот Кожув

АМСМ: Дождот однесе една коловозна лента од патот кон ски-центарот Кожув

Врнежите од дожд и надојдените големи количества на вода во коритото на Коњска река, кое е стеснето поради изградна на хидроелектрична централа, однесоа една коловозна лента од регионалниот пат Гевгелија – Смрдлива вода – ски центар Кожув во должина од 15 – 20 метри, соопшти попладнево Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ инфирмираат дека поради прелевање на водата од Калковска река, на патот Удово – Валандово има наноси од кал и камења.

„Екипите на Јавното претпријатие ‘Македонија пат’ со градежна механизација ги расчистуваат наносите и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот“, велат од АМСМ.