Македонија Амнестираниот Борис Дамовски на новогодишен коктел на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

Амнестираниот Борис Дамовски на новогодишен коктел на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

Борис Дамовски, неодамна амнестираниот водач на движењето „За заедничка Македонија“, заедно со членката на Извршниот комитет, Иванка Василевска, изминатиот викенд беше почесен гостин на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Штип.

Дамовски дојде во Штип на предновогодишниот коктел за членовите на штипскиот огранок на опозициската партија. На средбата во седиштото на партијата, покрај членовите, присуствува и пратениците и раководството на огранокот во Штип.

Дамовски, заедно со Владимир Јовановски и Богдан Илиевски – Бетмен, лидерите на „За заедичка Макеоднија“ беше амнестиран со новоусвоениот закон во Собранието.