Свет Свет Американското знаме се развиори на Куба, по 54 години

Американското знаме се развиори на Куба, по 54 години

По повеќе од половина век, денеска на Куба се развиори американското знаме пред амбасадата на САД во Хавана.

Церемонијата ја предводеше американскиот државен секретар Џон Кери. Американското знаме беше спуштено од 1961 година.

Државниот секретар Кери, сепак немал средба со претседателот Раул Кастро, ниту пак со поранешниот претседател Фидел Кастро.Тој пак, во отворено писмо ги обвини САД дека, на Куба и должат милиони долари, заради санкциите.