Свет Балкан Американските власти му забранија влез во САД на поранешниот албански премиер Сали...

Американските власти му забранија влез во САД на поранешниот албански премиер Сали Бериша

By World Economic Forum on Flickr - Sali Berisha - World Economic Forum Turkey 2008Copyright World Economic Forum (www.weforum.org) / Serkan Eldeleklioglu-Bora Omerogullari-Ozan Atasoy, CC BY-SA 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=5117612

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска јавно преку Твитер објави дека на поранешниот албански премиер и претседател Сали Бериша му е забранет влез во САД. Блинкен како причина за прогласување на персона нон-грата на Бериша ги наведува коруптивните постапки во минатото и поткопувањето на демократијата во Албанија.

„Коруптивните постапки на поранешниот претседател на Албанија Сали Бериша ја поткопаа демократијата во Албанија. Јавно ги прогласувам Сали Бериша и членовите на неговото потесно семејство како неподобни за влез во САД“, напиша државниот секретар на САД на Твитер.

Во службената изјава објавена на веб-страницата на Стејт Департментот, се наведува дека Бериша како премиер на Албанија бил вклучен во коруптивни дела, како што се злоупотреба на јавни средства и мешање во јавни процеси, вклучително и користење на неговата моќ за своја корист и за богатење на неговите политички сојузници и членовите на неговото семејство, на сметка на довербата на албанската јавност во владините институции и јавните службеници.