Македонија Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе дојде на самитот на ОБСЕ

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе дојде на самитот на ОБСЕ

Присуството на Блинкен го потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој рече дека не е сигурен во кој дел од трите дена на конференцијата ќе биде присутен рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс

Денеска на прес-конференција потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи оти државен секретар на САД Ентони Блинкен ќе биде присутен на самитот на ОБСЕ на 30 ноември.

На Самитот се очекува да учествуваат министрите за надворешни работи на сите европски држави.

Како одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг во А1 салата „Борис Трајковски“, Османи рече дека не може во моментот да каже во кој дел од трите дена би бил присутен рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, посочувајќи дека не се очекува сите министри да се присутни за времетраењето на целата конференција.

Оваа конференција би претставувала само втор настан на којшто се присутни и Блинкен и Лавров откако започната руската агресија во Украина.

Гостите на конференцијата ќе почнат да се очекуваат во вторник, на 28 ноември. Неформалната вечера на лидерите ќе се одржи на 29 ноември, а самитот ќе се одржи 30 ноември и 1 декември.

Владата на 14 ноември одлучи дека 30 ноември ќе биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта во градот, поради одржувањето на состанокот на ОБСЕ. Владата го препорачува истото и за приватниот сектор.

Дополнително, работата на јавната администрација на 29 ноември ќе заврши во 12 часот.

Одлуката не се однесува на градинките и здравствените установи, коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање, велат од Владата.