Македонија Алтхаузер: Никој не знае дали ќе има избори на 5 јуни

Алтхаузер: Никој не знае дали ќе има избори на 5 јуни

Без прочистен избирачки список, балансирано медиумско известување и без одвојување на државата од партијата, неизвесно е одржувањето на предвремените парламентарни избори на 5 јуни и засега тоа никој не може да го знае. Ова го изјави германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, на денешната трибина во организација на невладината организација „Цивил“ на тема „Плурализмот и политичката криза“, пренесува „Телма“.

– Никој не знае дали навистина ќе има избори на 5 јуни. Изборите не означуваат крај на еден процес, туку се само еден од многуте чекори што земјата треба да ги преземе за да ја поврати својата евроатланска перспектива. Договорот од Пржино е сè уште жив, тој е активен, некои делови од него се веќе спроведени, но за некои сè уште се преговара. Каква и да било влада што ќе се создаде по изборите мора да биде повикана на одговорност во однос на евроатлантската политика врз основа на обврските предвидени во Договорот – рече германската амбасадорка.