Македонија Алијансата за Албанците им се заблагодари на Хојт Ји и на САД...

Алијансата за Албанците им се заблагодари на Хојт Ји и на САД за поддршката на Македонија

Генералниот секретар на Движењето за реформи на ДПА, Арбен Таравари, и пратеникот на Алијансата за Албанци и претседателот на НДП, Весел Мехмеди, денеска се сретнаа со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји.

„Нашите претставници го информираа Хојт Ји и за настаните што се случија во Собранието на Македонија, како и за здравствената состојба на лидерот на Движење за реформи на ДПА, Зијадин Села, кој поради здравствени причини не беше во можност да биде дел од средбата. Тој беше информиран и за придонесот на Алијансата за Албанците и на нејзините пратеници, за надминување на политичката ситуација, како и за политичката поддршка на Алијансата за Албанците за деблокирање на институции кои се резултат на изборот на претседателот на Собранието на Република Македонија и подготвеноста на Алијансата за Албанците да се формира што е можно поскоро, новата реформска влада од парламентарно мнозинство“, велат од Алијансата за Албанците.

Претставници од Алијансата за Албанците им се заблагодариле на дипломатската улога, како и за политички континуираниот придонес на САД за надминување на политичката ситуација и за признавањето на изборот на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери.