Македонија Али Ахмети на прес-конференција објави победа на ДУИ

Али Ахмети на прес-конференција објави победа на ДУИ

Фото: Принтскрин, ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конференција во седиштето на партијата рече дека ДУИ победи и на овие избори, пренесува Порталб.мк

„Во Липково имаме одличен резултат, во Сарај, Пласница. ДУИ води во Тетово, Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново, Долнени. Во Дебар, Чашка и Врапчиште одиме во втор круг“, рече тој.

Тој исто така дополни ДУИ има одличен резултат и во советите во Шуто Оризари, Битола, Охрид, Велес, Чучер Сандево, но и во Куманово.

„Им честитам на сите шефови на изборни штабови, од најниско до највисоко ниво. Им се заблагодарувам на сите наши верни гласачи кои се определија за агендата на животот на ДУИ, која беше претставена пред избирачите“, рече Ахмети.