Свет Алепо: 14 загинати во напад на болница и на зграда

Алепо: 14 загинати во напад на болница и на зграда

Сириските владини сили извршиле воздушен напад на болница и на станбен објект во градот Алепо, при што загинаа 14 цивили, соопштија припадниците на цивилната одбрана во градот.

Како што се наведува во соопштението, нападот бил извршен врз болницата „Ал Кудс“ и зграда во близина во квартот Сукари.

Според податоците на Сириската опсерваторија за човекови права, меѓу загинатите се и еден лекар и двајца чувари на болницата.