Култура Александар Ѓеоргиев, добитник на наградата „Петре Прличко“

Александар Ѓеоргиев, добитник на наградата „Петре Прличко“

Одлуката ја донесе жири комисијата во состав Александар Ивановски претседател и членовите Јордан Витанов и Едмонд Сотир

Александар Ѓеоргиев, актер на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2014 година, што по деветти пат ја доделува Општина Велес и Здружението на актери „Џинот“.

Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав Александар Ивановски, претседател, и членовите Јордан Витанов и Едмонд Сотир. Ивановски на денешната прес-конференција образложи дека актерот Ѓеоргиев е симбол за исклучително прецизна актерска игра, експресивно извајана до јасно подвлечени нијанси.